Тимот на Канзас Сити Чифс го победи Сан Франциско во Лас Вегас со 25:22 по продолжение и на тој начин ја одбрани титулата во НФЛ лигата. Тие воедно станаа првиот тим по Њу Ингланд Патриотс од 2005 година кој ја одбранил титулата.

Очекувано, и 58-то издание на Супербол донесе одличен спектакл. Тоа е ден во кој  цела Америка е на нозе, а и овој пат гледачите имаа што да видат.

Одбраните доминираа во првото полувреме. Дури во втората четвртина беа постигнати првите поени, откако Сан Франциско постигнаа филд гол со 55 јарди, а првиот тачдаун мораше да почека до самиот крај на првото полувреме кога Меккафри од 21 јарди го доведе тимот од Сан Франциско до пртенст од 10:0. До крајот на полувремето Чифси успеаја да дојдат до првите поени, и тоа преку филд гол за на пауза да заминат со 3:10.

Второто полувреме Букер го отвори со уште еден филд гол. Тој успеа да погоди неверојатни 57 јарди и да ја намали предноста на Сан Франциско на 10:6. До крајот на третиот период дојде целосен пресврт. По грешка на Мекклауд, кој ја губи топката, Чифси преку Махоумс и Валдес-Скантлинг дојдоа до предност од 13:10.

Возбудувањата продолжија и во последниот период. Хуан Џенингс донесе тачдаун за Сан Франциско за 16:13, но тогаш се случува клучниот момент. Муди го промаши дополнителниот поен, давајќи им на Чифс да изборат продолженија.

До крајот на регуларниот дел немаше тачдаун. Баткер израмни со филд гол на 16:16, Муди (19:16) донесе ново водство на Сан Франциско, но Чифс ја пропуштија шансата да слават бидејќи во финишот беа на само 11 јарди. Сепак, на Букер му беше дозволено да шутира за 19:19 и натпреварот отиде во продолжение.

Муди му донесе предност на Сан Франциско со уште еден филд гол (22:19), но на неколку секунди пред крајот Патрик Махоумс уфрли тачдаун за Хардман и Чифс победија со 25:22 и со тоа ја одбранија титулата.

За МВП очекувано беше прогласен бекот Патрик Махоумс, кој мечот го заврши со 333 фрлања и 66 истрчани јарди.