Со СМС го откачи Сепси и му се закачи на Муту

281

Адриан Муту важи за една од најголемите ѕвезди кога е во прашање романскиот спорт. Беше фантастичен напаѓач, играше за неколку големи  клубови, даде се од себе за националниот тим, но имаше и неколку сериозни пороци кои го спречија да го покаже целиот свој потенцијал. Ретко кој може да заборави дека Муту со месеци беше одалечен од зелениот терен поради користење на наркотични супстанци.

Едно од првите големи засилувања на Челзи во ерата на Роман Абрамович беше романскиот интернационалец. Муту сезоната 2002/2003 ја одигра совршено во дресот на италијанскиот калчолигаш Парма заедно со Бразилецот Адријано, а потоа, за време на летниот преоден рок за 22 мил. евра беше продаден на лондонскиот премиерлигаш.

После одличниот стар, Муту почна да игра под очекуваното ниво во вториот дел од сезоната, а на 12. јули 2004 година беше испратен на задолжителна допинг контрола. Резултатот покажа дека е позитивен на кокаин. Прво негираше, но потоа се призна. Челзи веднаш стави крај на соработката, а Муту беше посрамотен за „сите пари“.

И покрај добрите партии во дресот на Јувентус и Фиорентина, Романецот и понатаму беше познат поради допинг скандалот.

Поради славата и парите, Муту беше омилен кај понежниот пол во Романија. Неговата сопруга, Сандра Бакичи пет години беше во врска со поранешниот фудбалер Лазло Сепси, кој ја побара за жена и доби позитивен одговор.

И подари дијамантски прстен од бело злато додека беа на луксузниот одмор, но неколку недели подоцна, Сандра реши да стави крај на љубовната врска и тоа со помош на СМС порака. Почека дефанзивецот да замине на тренинг и си замина од зедничкиот дом. Неколку дена подоцна беше снимена покрај Адријан Муту во еден познат ресторан. Фамилијата на Спеси тврди дека додека биле во врска, Лазло и купил стан, неколку луксузни торби и часовник од 8000 евра. Имаше се што ќе посака но не можеше да одолее на шармот на Муту за кого подоцна и се омажи.

Неколку години подоцна, Лазло беше прашан што би направил ако го сретне Муту.

  • Навистина немам никаков проблем со Муту. Искрено, мене ми е мило што вака заврши целата ситуација. Се чувствувам многу добро, каков што сум сега и со кого сум сега. Имам прекрасна фамилија, прекрасно дете и навистина немам никаков проблем. Така сакаше Господ. Мојот пат беше сосема поинаков и мило ми е што сум ваков каков што сум сега, изјави Сепси кој го носеше дресот на Газ Метана, Рен, Глорија Бистрита, Бенфика и Расинг Сантандер.

Иако заработи милиони, Сепси е најпознат по тоа дека Муту му ја има украдено жената.