Неверојатна сцена се случи на тенискиот турнир во Кордоба, кога малку познатиот шпански тенисер Хауме Мунар по контроверзната одлука на судијата го грабна телефонот и се обиде да докаже дека е во право.

Имено, во последниот поен од последниот гем на натпреварот, Мунар ја погоди топката која влезе длабоко во полето на противникот, кога линискиот се огласи.

Главниот судија на мечот, госпоѓата стана од столчето, се приближи до местото каде што падна топката и ја потврди одлуката на својата колешка, со која Шпанецот не се согласи.

Тој ја подаде раката на противникот, отиде до клупата, го зеде телефонот и се врати на местото каде што падна топката за да ја слика ознаката што ја направи топката. Сепак, тоа не промени ништо, па Факундо Бањис излезе како победник на натпреварот со резултат 2:0, по сетови 7:5, 6:4.