Сопственик настрадал од сопствениот петел додека го подговувал за борба

253

Петелот Раџа, кој носел нож за време на нелегална борба со петли во јужна Индија, го убил сопственикот

Сопственик на петел бил прободен со нож во препоните, додека птицата се обидела да избега, а човекот починал на пат кон болница бидејќи изгубил многу крв.

Локалната полиција трага по уште 15 лица вклучени во инцидентот што се случи во селото Лотунур и државата Телангана на почетокот на оваа недела.

Петелот е приведен во полициската станица пред да биде префрлен во фарма за живина.

Локалните медиуми јавуваат дека тој дури ќе се појави и на суд.

Полицијата соопшти дека птицата била е подготвена да се бори кога се обидела да избега.

Сопственикот сакал да ја фати и да ја врати во рингот, но бил прободен со нож долг седум сантиметри на ногата на петелот.

Борбите со петли се забранети во Индија, но сè уште се одржуваат во некои рурални области.

Извор:www.breitbart.com