Бразилските фудбалери побараа од соиграчот Неимар да продолжи да игра за националниот тим, по разочарувачкиот резултат на Светското првенство во Катар.
Како што пренесува порталот „Гол“, бројни ѕвезди на бразилскиот фудбал, меѓу кои Винисиус Жуниор, Родриго, Ричарлисон, Рафиња, Лукас Пакета и Ентони, побарале од Неимар да не се повлекува од националниот тим.
Бразил беше елиминиран од Мундијалот во Катар по изведувањето пенали и поразот од Хрватска во четврт-финалето, а Неимар потоа не сакаше да каже дали ќе продолжи да настапува за националниот тим.