Кошаркарите на Денвер, Мајкл Портер Јуниор и Арон Гордон, имаа интересна констатација за својот соиграч и двократен МВП – Никола Јокиќ. Двајцата беа дел од поткастот на Портер, а една од темите беше Јокиќ.

Добро е познато какво пријателство има меѓу него и Арон Гордон, а поранешниот член на Орландо зборуваше за работната етика на Јокиќ.

  • Јокиќ е одличен лидер. Секогаш доаѓа навреме, секој ден. Тренира секое утро, игра некоја игра, а потоа, по натпреварот, крева тегови. Редовно вежба секој ден. И покрај сето тоа, тој е скромен. Кога имате двократен МВП и МВП на финалето на НБА, кој е толку несебичен, тоа е како Божја дарба за вас.

Портер продолжи, откривајќи што правел Јокиќ во текот на летната пауза во Србија.

  • Тој е уникатен. Тој е најдобриот играч што сум го видел. Како е можно, по МВП-година, да станеш подобар?! И оваа година е подобар, ние освоивме прстен. Зборував со него и ми кажа дека пиел по шест пива дневно во Србија. Најверојатно! – додаде Портер.