Слаб снег провејува во Охрид, Струга, Ресен и на планинските превои Буково и Ѓавато

107

Слаб снег провејува во Охрид, Струга, Ресен и на планинските превои Буково и Ѓавато. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, а на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот и по интервенцијата дежурните служби, соопштија од ЈП Македонијапат.

Од Јавното претпријатие информираат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони и апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.