Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

86

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места низ градот, спроведени од Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Од претпријатието информираат дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 19.02.2023 до 23.02.2023 земал 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Скопје.