Наставничка по математика е прогласена за виновна за секс со двајца тинејџери на кои им предавала во нивното средно училиште во Велика Британија. Триесетгодишната Ребека Џојнс ја дочека пресудата на слобода, но беше суспендирана од работата во училиштето.
Британските медиуми јавуваат дека Џојнс веќе била суспендирана и пуштена со кауција поради секс со 15-годишен ученик, идентификуван во пресудата како Момче А, кога почнала да има секс со друг ученик, момче Б, со кој подоцна останала бремена, пишува Independent.
Наводно, Џојнс му кажала на момчето Б дека не може да забремени и се впуштила во секс без заштита со него. На судот му беше кажано дека и двете момчиња и праќале флертувачки пораки на Снепчет пред таа да ги покани во нејзиниот стан на секс.
Во случајот со момчето А, таа му ги дала сите, освен една цифра од нејзиниот телефонски број, а како вежба за решавање проблеми, тој морал да ја погоди последната цифра. После тоа се поврзале на Снепчет и тој и праќал пораки во кои парот се договарал да се сретнат тајно.
Таа потоа го однела на шопинг и му купила појас Гучи вреден 350 фунти и се вратила во нејзиниот стан во Салфорд Кејс каде, според сведочењето на момчето, имале секс. Полицијата подоцна ја пронашла неговата сперма во нејзината постелнина. Момчето Б рече дека врската започнала со бакнежи кога имал 15 години и секс кога наполнил 16 години.
Џојнс пред судот се бранеше дека доживеала „распад“ кога била суспендирана од работа, по полициската истрага за нејзината врска со момчето А, и се вратила кај нејзините родители на Wirral.
Таа му кажала за бебето ден пред апсењето
Таа рече дека била на дното кога момчето Б и испратил порака на Снепчет прашувајќи ја како е. „Искрено мислев дека се грижи за мене“, изјави Џојнс. Набрзо, момчето Б почнало да му испраќа слични пораки на момчето А, како: „Извади ги цицките“, на што Џојнс одговорила: „Не вечерва“.
По неговиот роденден, момчето Б ги излажа своите родители велејќи дека отишол да гледа натпревар на Манчестер Јунајтед, но наместо тоа се вратил во станот на Џојнс. Тој им рекол на поротниците дека бил „нервозен“ кога ја изгубил невиноста од Џојнс и и рекол: „Не очекувај ништо посебно, имам само 16 години“.
Подоцна во полиција изјавил дека врската ја смета за „пријателство со придобивки“ и додал дека имаат редовен секс. Тој рече дека нивната врска се влошила со текот на времето и често се карале затоа што Џојнс станала љубоморна и сакала да го контролира.
Ден пред да биде уапсена, таа се обидела да ја спаси нивната врска и го поканила момчето Б на состанок. Таа расфрлала ливчиња од роза и скриени белешки низ целиот стан што тој морал да ги бара и следи. На крајот ја нашол картичката на која имало фотографија од бебе на која пишуваше „најдобар татко“ и на неа пишувало: „Секоја педа од вас е совршена. Ти си сè за што сонувам“. „Помислив: „Што е тоа!““, изјави момчето Б на полицијата.
Казната ќе ја дознае во јули
Џојнс на суд тврдеше дека никогаш немало сексуална активност со момчето А и дека врската со момчето Б се развила додека таа била суспендирана од работа, а станала сексуална дури откако била отпуштена. Го напуштил училиштето на 16 години, што според неа било олеснителна околност бидејќи повеќе не бил ученик.
Џојнс плачеше додека им кажа на поротниците дека бебето што го родила со момчето Б и е одземено неколку часа по раѓањето и сега ѝ е дозволено да го гледа детето само три пати неделно. Таа беше прогласена за виновна по шест точки од обвинението за сексуална експлоатација на малолетник во Судот на во Манчестер. Судијката Кејт Корнел им се заблагодари на поротниците и рече дека ќе и требаат извештаи за обвинетaата пред да ја изрече казната.