Сцена како од филм: Тајвански пратеник „спречи“ усвојување на закон – го грабна документот и избега!/ВИДЕО

245

Тајвански пратеник стана хит на социјалните мрежи откако се обиде да го спречи усвојувањето на законот на бизарен начин: го грабна предлог законот и истрча од Претставничкиот дом.

Инцидентот се случи во понеделникот, непосредно пред новоизбраниот претседател Лаи Чинг-те да ја преземе функцијата.

Утринската седница веќе беше напната, пратениците викаа и се туркаа, уште пред да се донесе законот. Ситуацијата ескалирала кога претставникот кој го добил прекарот „Бил бандит“ го грабнал предлог законот и истрчал кон излезот, додека останатите го бркале.

Видеото споделено на социјалната мрежа Х, порано Твитер, собра повеќе од девет милиони прегледи, а во коментарите има и шеги на сметка на претставникот.

“Тој ги презеде работите во свои раце! Вакви ситуации гледаме само во филмовите”, е еден од коментарите.