Сирењето со дуња е рецепт кој најверојатно потекнува од древни времиња – се спомнува во римскиот готвач Апик, збирка римски рецепти собрани во доцниот 4-ти и раниот 5-ти век каде што е запишан како мешавина од дуњи и мед.
Историски гледано, мармаладот се приготвувал од дуњи. Англискиот збор „мармалејд“ потекнува од португалското „мармелада“, што значи „приготвување на дуњи“ и се користи да се опише сирењето од дуњи или џем од дуњи „мармело“ значи дуња.
Во денешно време, мармаладот е производ од желирано овошје кое ги задржува сите делови од пулпата на овошјето и исечканата лушпа. Се приготвува од месести плодови кои содржат пектин. Цитрусните овошја се особени податливи заради вкусот и содржината на пектин.
Во Шпанија, Уругвај, Аргентина, Мекско, Чиле и Еквадор дуњата се готви во црвеникава коцка во форма на желе или во цврста, црвеникава паста позната како дулсе де мембриљо. Пастафрола е десерт, сладок тарт карактеристичен за Аргентија, Уругвај и Парагвај и обично се полни со паста од дуњи.
Во Франција „пате де коинг“ или пастата од дуњи е дел од божиќните традиции во Прованса и дел е од 13-те десерти кои го сочинуваат прославувањето на Божиќ во овој француски регион.
Во Србија, особено во Војводина и во цела Унгарија, и континентална Хрватска, односно Славонија сирењето од дуњи се нарекува и китникес, назив што потекнува од германското „китенказе“.
Потребно е:
- 2 кг исчистени дуњи
- 600 г шеќер
- 1 шеќер со екстракт од лимон
- масло за преначкување на калапот
Приготвување:
Измијте ги дуњите, излупете ги и исечете ги на половина, исчистете ги од семки, исечкајте ги на коцкички и варете ги во вода додека да омекнат. Варените дуњи испасирајте ги па варете ги на тивок оган 15 минути. Измешјате ги лимоновиот сок, шеќерот со арома на лимон и продолжете да ги варете дуњите со непрекинато мешање уште 30-ина минуи. Топлото сирење од дуњи излјете го во соодветни калапи, претходно премачкани со масло. Откако ќе биде убаво изладено, извадете го од калапите и исечете. Ова вкусно сирење се служи со половинки јатки од ореви.