„Симбиоза“ – изложба на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

82

Уметникот Бојан Ковски вечерва во Музејот на Град Скопје, ќе ja отвори својата најнова изложба „Симбиоза” за која вели дека претставува уникатен приказ на магична комбинација на човечкото тело и земјениот елемент.

„Симбиоза”, како што се наведува за изложбата, претставува продолжение на истражувањето на човечката форма од страна на Ковски, со преплетување од елементот земја. Изложбата вклучува впечатливи актови и портрети проткаени преку песок од пустините. Волшебното движење на сликите добива дополнителна магија од златото што е проткаено низ делата, создавајќи заводливо визуелено доживување за посетителите.

-Со текот на „Симбиоза”, секое дело се гради врз претходното, создавајќи комплексна и специфична структура. Истражувањето на Ковски на четирите основни елементи, особено на земјата, служи како метафора за сложеноста на животот и барањето на длабоки човечки конекции“, се посочува за изложбата.

Бојан Ковски, (1993 година, Куманово), активно се ангажира во создавање дела со масло на платно, развивајќи ја и својата посебна техника, Ковски Боди-уметност.