Силјановска-Давкова со нова дефиниција за АСНОМ: Антикоруптивно и антикриминално заседание на народното ослободување на Македонија од авторитарната власт

45
Фото:фејсбук

„АСНОМ што ќе го славиме годинава, за мене ќе биде не антифашистичко, туку Антикоруптивно и антикриминално заседание на народното ослободување на Македонија од авторитарната власт“, изјави Силјановска-Давкова.

На синоќешниот митинг во Охрид, во својот говор Професорката Горданa Силјановска -Давкова порача:

„АСНОМ што ќе го славиме годинава, за мене ќе биде не антифашистичко, туку Антикоруптивно и антикриминално заседание на народното ослободување на Македонија од авторитарната власт“.

„Се наближува 24-ти април, а по негио 8-ми мај, дојде моментот кога сакам да ви кажам дека токму на овие датуми ќе одлучите дали Македонија, како ТВОЈА и ГОРДА, навистина ќе биде проевропска, бидејќи ако Македонија не е горда, не може да биде ниту европска држава“, рече Гордана Силјановска-Давкова, кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на престојните претседателски избори 2024.