Се поплочува тротоарот на улицата „Западен Булевар“

125

Започна поплочувањето на дел од тротоарот на улицата „Западен булевар“. Според проектот на општина Кавадарци, градежните работи се спроведуваат на делницата од паркингот кај Градската капела до паркингот на винарницата „Тиквеш“.

– На вкупна површина од 650 квадратни метри се поставуваат бехатон коцки, а на спојот со тревникот се поставија и мали рабници. Со реализацијата на овој проект општината заокружува урбанизација на дел од „Западен булевар“ каде што се изгради и најголемиот, и според сите стандарди најдобро уреден кружен тек во градот, кај ВВ „Тиквеш“ – вели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Тој информира дека успешно е завршен проектот од комуналната изградба на улицата „25 Мај“. Изградени се пристапните скали кои поврзуваат две нивоа на оваа улица веднаш до потпорниот ѕид.

– Со ова се комплетираа градежните активности. Претходно општината изврши пробивање на улицата со асфалтирање,изградба на крак над потпорниот ѕид со рабници и бетонска подлога на коловозот, а завршната фаза беше изградбата на пристапните скали. Општината и овој проект го реализираше на барање на граѓаните од овој дел на Кавадарци. Сега повеќето индивидуални станбени објекти имаат урбанизиран и безбеден пристап за возила и пешаци – вели Јанчев.