Се огласи Захарова за ситуацијата на Косово: Приштина сака да започне воено сценарио

567

Руското Министерство за надворешни работи ги повика Приштина, САД и ЕУ да престанат со провокациите и да ги почитуваат правата на Србите на Косово, соопшти официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Захарова истакна дека одлуката на т.н властите во Приштина од 1 август да почнат да применуваат неразумни дискриминаторски правила за присилна размена на лични документи и регистарски броеви на локалните Срби, е уште еден чекор кон протерување на српското население од Косово.

– Косовските лидери знаат дека Србите нема да останат рамнодушни кога станува збор за директен напад на нивните слободи и тие намерно ескалираат за да предизвикаат воено сценарио. Секако, цел на напад е и Белград, кој Западот сака дополнително да го „неутрализира“ со рацете на косовските Албанци – рече Захарова.

Таа истакна дека Москва ги повикува ЕУ, САД и Приштина да престанат со провокациите.

Ваквиот развој на настаните е уште еден доказ за неуспехот на медијаторската мисија на ЕУ, нагласи Захарова.

Ова е и пример за какво место е подготвено за Белград во Европската унија, нудејќи му на Белград де факто да го трпи недостатокот на правата на своите сонародници, рече претставникот на руското МНР.