Деновиве, главна тема во спортот е легендарниот Рони О’Саливен, најголемиот снукер играч во историјата и најстар победник на шампионатот на турнирот во Обединетото Кралство.

На финалниот меч, кој се одигра минатиот викенд, О’Саливен го победи Кинезот Динг Џунхуи со 10:7, неколку дена пред да наполни 48 години. Тоа беше осма титула за него на првенството на Обединетото Кралство, рекордно достигнување во историјата и негова 40. титула во богатата кариера.

Освен што стана најстар победник на овој турнир, О’Саливен е и најмлад победник на првенството на Обединетото Кралство. На само 18 години, во далечната 1993 година, го победи Стивен Хендри во финалето.

Но, едно видео што се појави на социјалните мрежи, само ја покажува неговата скромност. Имено, неколку часа пред финалниот натпревар, О’Саливен чекал автобусот со цигара в рака и бил забележан и препознаен од еден навивач. Одушевениот обожавател го препознал најголемиот на сите времиња, објавувајќи видео, кое веднаш стана хит на социјалните мрежи.

  • Видете со кого стојам овде! Мојот Рони О’Саливен, ѕвездата! Блажено момче, легендарен шампион во снукер. Стојам овде до него. О Боже мој! Не можам да верувам дека те сретнав овде, знаеш?! Те барав. Со среќа! – вели возбудениот обожавател во објавеното видео на „Тик-ток“.
@kingkongkhokar♬ original sound – KKk

Само неколку часа подоцна, О’Саливен го победи Динг Џунхуи и заработи 291.000 евра, а англиските медиуми пишуваат дека моментно има над 35 милиони евра на своето конто. Сепак, тој, главно, користи јавен превоз, поради што медиумите на островот го опишуваат како народен човек.