Шест спринтерски трки ќе се одржат следната година во Формула 1 шампионатот, објавено е на веб-страницата на натпреварувањето.

Австрија и Бразил по трет пат ќе организираат спринтерски трки, Остин и Катар по втор пат, додека за првпат ќе се одржат спринтерски трки во Кина и во Мајами.

  • Среќен сум што можам да споделам за шест возбудливи места на спринт-трки, вклучително и два нови домаќина, Кина и Мајами, кои ќе бидат фантастични додатоци и ќе обезбедат одлични трки за нашите обожаватели, како и зголемен ангажман на навивачите на социјалните и на дигиталните платформи. Со нетрпение ги очекуваме возбудливите настани следната година – истакна претседателот на Ф1, Стефано Доменикали.