Се замрзнуваат цените на оризот и јајцата, за шеќерот и брашното ќе се чека

45

Владата денеска треба да ги замрзне цените на оризот и јајцата, но и да донесе одлука со која ќе го ограничи извозот на јајца. Во однос на шеќерот и брашното се уште нема да се интервенира. Ќе се чека трговците сами да ги поевтинат овие производи, додека цените во месната индустрија се следни за анализа. За овошјето и зеленчукот ингеренции има Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Доколку оттаму се предложат какви било мерки, Министерството за економија е подготвено да ги прифати.