Близок извор до таборот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед откри дека раководните лица се подготвени да ги разгледаат сите понуди кои се наменети за бразилскиот интернационалец Антони. Крилниот напаѓач беше купен од Ајакс за 100 мил. евра, но поради очајните игри во актуелната сезона клупските челници се подготвени да стават крај на соработката ова лето.