Ракометната репрезентација на Србија претрпе уште еден пораз на Мундијалот во Германија и Данска, откако немаше сили за надигрување против Бразил 22:24 со што речиси ги загуби шансите за пласман во главната групна фаза.
„Орлите“ одиграа далеку под своето ниво, а тоа предизвика многу нервоза и фрустрација кај селекторот Ненад Перуничиќ, кој при еден тајм-аут кон финишот од мечот без влакна на јазикот им се обрати на ракометарите.
-Срам да ви е. И мојата баба може да игра како вас, меѓу другото им рече Перуничиќ на своите ракометари.
До крајот на првата групна фаза, Србија треба да одигра уште два натпревари, против Германија и Кореја, а доколку сака главна фаза ќе мора да извојува две убедливи победи.
Резултати – Група А: Србија – Бразил 22:24, Русија – Германија 22:22, Франција – Кореја 34:23, Табела: Франција 6, Германија 5, Русија 4, Бразил 2, Србија 1, Кореја 0, Група Б: Исланд – Бахреин 36:18, Хрватска – Македонија 31:22, Шпанија – Јапонија 26:22, Табела: Хрватска 6, Шпанија 6, Македонија 4, Исланд 2, Јапонија 0, Бахреин 0, Група Ц: Тунис – Чиле 36:30, Норвешка – Австрија 34:24, Данска – С. Арабија 34:22, Табела: Данска 6, Норвешка 6, Австрија 2, Тунис 2, Чиле 2, С. Арабија 0, Група Д: Унгарија – Катар 32:26, Аргентина – Египет 20:22, Шведска – Ангола 37:19, Табела: Шведска 6, Унгарија 5, Катар 2, Египет 2, Ангола 2, Аргентина 1.