Секој втор Британец сака да летува во Македонија

833
Woman on mountain peak

Врз основа на истражувањето на компанијата „Bounce“, составена е листа на најпосакуваните дестинации во светот, барем кога станува збор за Британците. Оваа листа недвосмислено покажува какви трендови на патување не очекуваат во 2024 година.

Новото истражување на „Bounce“, кое има капацитети за складирање багаж на преку 8.000 локации во над 1.000 градови низ светот, покажа кои се најпопуларните дестинации во моментов.

„Bounce“ анализираше се што беше на пребарувачот Google во последните три месеци за да ги пронајде најпосакуваните дестинации во годината. За да биде истражувањето поцелосно, тие ги споредија тие дестинации со претходните години за да ги предвидат најпопуларните земји што Британците имаат намера да ги посетат во 2024 година.

Турција е на прво место, Исланд е на второ, Грција е на трето место, Малта на четврото место, Хрватска е на одличното петто место, со преку 54.000 пребарувања на Гугл.

Од градовите, најпопуларен е Амстердам, а од растечките дестинации, Албанија е најактуелна. Интересно е што меѓу дестинациите во пораст е и Северна Македонија, која е на второ место.

Зголемените трошоци за живот предизвикаа многу Британци да одмараат на поевтини дестинации. Благодарение на прифатливото сместување и стотиците милји бели песочни плажи, Албанија забележа најголем пораст на интересот во текот на минатата година. Неколку нискобуџетни авиокомпании неодамна го додадоа главниот град Тирана во своите списоци за да ја искористат оваа растечка побарувачка.

По Албанија следи Македонија со 98,3% зголемување на пребарувањата. Иако нашата земја нема плажи за оние кои сакаат да избегаат од британската зима, може да се пофалиме со многу природни чуда за истражување, од нерамни кањони до бујни планински шуми. Според Британците и главниот град Скопје, исто така има раздвижен ноќен живот.