Седум партии и коалиции досега поднеле кандидатски листи за пратеници до ДИК, рокот истекува на полноќ

57

До Државната изборна комисија (ДИК) попладнево листи за кандидати за пратеници доставиле „Работничката партија“ за сите изборни единици, партијата „Твоја“ која има листи за пратеници во Првата, Втората, Третата и Четвртата изборна единица, како и „Аваја“ за Третата, Четвртата, Петтата и Шестата изборна единица.

Претходно, денеска листи поднесоа за сите изборни единици СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, како и партијата Родина.

Рокот за доставување листи за пратеници истекува на полноќ. Единаесетите редовни парламентарни избори ќе се одржат на 8 мај.