СДСМ: Лажна загриженост и лицемерие од Мицкоски кон земјоделците

161

Проблемот за кој Мицкоски глуми загриженост е резултат на криминалните политики на неговата ВМРО-ДПМНЕ, а денес се решава во интерес на земјоделците

Христијан Мицкоски не престанува да лаже, со лажната загриженост и лицемерие кон граѓаните и земјоделците.

Проблемите за кои Мицкоски денеска глуми загриженост се резултат на погубните и криминални политики на неговата ВМРО-ДПМНЕ оставени од пред неколку години.

Тоа е времето кога Мицкоски тераше бизниси со хидроцентрали и му беше советник на Груевски.

Проблемот со неплатените побарувања од минатото ќе биде решен од оваа Влада, во корист на лозарите.

Леже Мицкоски и за акцизите. Сите лозари кои произведуваат домашна ракија за домашни потреби до 200 литри чист алкохол или 400 литри или 500 литри вино се ослободени од акциза.

Оние лозари кои ке произведат од 200 до 1.000 литри чист алкохол или околу 2.000 литри домашна ракија ќе платат 30 денари за литар акциза и воедно се регистрирани како производители од мал обем.

Мицкоски не нуди ништо освен блокади, деструкција, лаги и лажна загриженост.

Но бадијала, фатен е Мицкоски во сите негови лаги, поразен од граѓаните за сите блокади

Скопје, 31.01.2019 ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА