Актуелниот светски рекордер во маратон, познатиот кениски атлетичар Келвин Киптум (24), загина во сообраќајна несреќа.
Келвин доживеа несреќа на патот Елдоред – Капсебет во неговата родна Кенија. Киптум бил зад воланот на „Toyota Premio“ кога загубил контрола над возилото, по што излетал од патот и удрил во големо дрво.
Во страшната несреќа загина и неговиот тренер Гарвејс Хакизимана. Во возилото била и жена по име Шерон Косгеј, која со тешки повреди била пренесена во најблиската болница.
Киптум беше единствениот човек кој го истрча маратонот за помалку од два часа и една минута, тој беше светски рекордер со време од два часа и 35 секунди. Тој се подготвуваше за шоуто во Ротердам на 14 април оваа година, каде сакаше да се обиде да ја истрча оваа дистанца за помалку од два часа.
Тој требаше да ја претставува Кенија на Олимписките игри во Париз