Најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, тимот на Јувентус, ќе се обиде во текот на летниот преоден рок да ги осигури услугите на крилниот напаѓач од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Џејдон Санчо. Репрезентативецот на Англија и понатаму е во сопственост на Манчестер јунајтед и има обврска да се врати на „Олд Трафорд“ откако ќе му заврши позајмувањето на „Сигнал Идуна парк“.