Санчез прва летна аквизиција

38

Поголемиот дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека раководните лица на актуелниот шампион на Франција, тимот на Лил и на калчо гигантот Милан се седнати на преговарачката маса, а тема на дискусија е можниот трансфер на португалскиот интернационалец, Ренато Санчез. Офанзивниот играч за врска веќе ги информирал клупските челници дека сака да ја промени клупската средина ова лето, а челниците на Милан се подготвени да одвојат околу 20 мил. евра за неговото обештетување.