Санкционирани 215 возачи во Скопје

26

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје биле изречени вкупно 215 мерки.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека меѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина биле изречени 74 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени биле и осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за непрописно престројување на возила, четири мерки за вградени неатестирани фолии – затемнети стакла….

Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.