Сакале побрзо да стигнат до градот, па се загубиле

799

Децата преку земјен пат сакале побрзо да стигнат до градот, па се загубиле. Од Центарот за управување со кризи информираат дека тие веднаш ја известиле полицијата, конкретно СВР – Скопје за понатамошна постапка. – По релативно кратко време, по интервенцијата на СВР –Скопје, информирано е дека со помош на локацијата добиена од бројот 112, децата се најдени во добра здравствена состојба и се превезени до дома – соопштија од ЦУК

По пријава за загубени, заталкани деца во пределот на Средно Водно, вчера тие биле пронајдени, благодарение на брзата интервенција на Центарот за управување со кризи. Пријавата за овој случај била добиена во неделата, на единствениот број за итни случаи 112 на Центарот за управување со кризи.

Децата преку земјен пат сакале побрзо да стигнат до градот, па се загубиле. Од ЦУК информираат дека тие веднаш ја известиле полицијата, конкретно СВР – Скопје за понатамошна постапка.

– По релативно кусо време, по интервенцијата на СВР – Скопје, информирано е дека со помош на локацијата добиена oд бројот 112, децата се најдени во добра здравствена состојба и се превезени до дома – соопштија од ЦУК.

Инаку, според последниот 24-часовен извештај на ЦУК, од вкупниот број 1.522 повици на 112, кој е единствен број за итни случаи, 33,84 % биле „реални“ повици за итни случаи, а 66,16 % други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните.

Согласно со распределбата и природата на настаните, преку ЦУК, кон полицијата биле упатени 50,80 % од повиците од бројот 112, кон Службата за итна медицинска помош 37,97 %, а кон пожарникарите биле упатени 7,49 %.

Кон ЦУК имало 3,74 % од „реалните“ повици за итни случаи, кои се за комбинирано решавање. Заедно со другите 65,53 % „неитни повици“, вкупно 1.014 биле предмет на примање, одговарање и обработка на дежурните оперативци во Секторот Е – 112, во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.

Освен тоа, иако е почеток на декември, од ЦУК информираат дека викендов имало 25 пожари на отворено. Од нив, во саботата 21 и четири во неделата. При тоа, пожарникарите од Битола, Прилеп, Крушево и од Куманово интервенирале за гасење на запалена ниска вегетацијa.

Во согласност со напорите за подобрување на одговорот во итни случаи, ЦУК ги охрабрува граѓаните да покажат претпазливост при користење на бројот за итни случаи, зачувувајќи го за вистински итни случаи за да се оптимизира распределбата на ресурсите. Тековните иницијативи за зајакнување на службите за итни случаи вклучуваат континуирано следење и анализа на податоците за повиците за да се подигне севкупната реакција.

На граѓаните им се препорачува да останат информирани и да се потпрат на одредени канали за итни случаи за ажурирања и помош.

(А.П.)