Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан, осомничени за сексуална злоупотреба и експлоатација, денеска беа ослободени од затвор во Романија и добија 30-дневен домашен притвор.
Апелациониот суд во Букурешт одби да го продолжи превентивниот притвор за браќата Тејт и две осомничени Романки и нареди четворицата уапсени да бидат во куќен притвор, според судските документи, пишува Sky News.
Ендрју и Тристан Тејт претходно четири пати неуспешно бараа ослободување од притвор, но нивните барања беа одбиени.
Браќата Тејт и наводните романски соучесници беа уапсени на 29 декември во Романија.
Никој од нив не е официјално обвинет.