Жителите на Влае добија ново фудбалско игралиште.
-Игралиштето е комплетно реконструирно со вештачка трева и нови голови. Воедно, поставена е и заштитна ограда – соопштија од Општина Карпош.
Градежните работи ги изведуваше фирмата „Мастев“ ДООЕЛ – Скопје.
Од Општина Карпош информираат дека ова е едно од трите фудбалски игралишта, покрај оние во населбите Нерези и Карпош 4, кои беа пуштени во употреба во изминатиот период.