Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со градоначалникот на Општинма Центар, ја посетија гтрадинката „13“ Ноември – објект „Парк“ кој славеше 45 години.
Посетата на градинктата е во знак на одбележување на Недела на детето, која секоја година се одржува во првата недела од месец октомври.
Премиерот Ковачевски најави дека за време на „Детрската недела“, од 2 до 9 октомври, е предвидено да се издвојуваат средства од билети за театар, кино, уметничка изложба и културни манифестации; од продажба на поштенски марки во внатрешниот сообраќај, од билети за спортски натпревари и други спортски приредби; од секој продаден возен билет во железничкиот и автомобилскиот, меѓународниот, меѓуградскиот сообраќај и во авионскиот сообраќај; како и од секој продаден облик на електронски музички и видеозапис, видео касета и друго.
Сите овие средства ќе бидат наменети за активности посветени на децата.
-Во објектот неодамна беа реконструирани сите осум занимални со комплетно нови детски шкафчиња, масички, столчиња и друг детски мебел, нови играчки и едукативен дидактички материјал за сите дечиња. Претходно, исто така беше иструган и излакиран паркетот во целата градинка, а истата беше и целосно молерисана – потенцираа од Општина Центар и додадоа дека децата добиле и нови играчки и дидактички материјали кои ќе ги поттикнат да бидат покреативни во новите игри развивајќи ја фината моторика, говорот и дружбата.