Резултатите ќе разјаснат се! Се чекаат обдукционите наоди и биолошките траги по убиството на Вања и Панче

2555

По убиството на 14-годишната Вања Горчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, се чекаат резултатите од обдукцијата и биолошките траги. Кривичниот суд синоќа му одреди мерка притвор до 48 часа на таткото на убиеното девојче „за да не побегне или попречува истрагата“. Александар Горчевски е приведен во Кривичниот суд, откако беше сослушан во Обвинителството, каде, ја негираше вината.

За тие два случаи во притвор се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, а првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо е во бегство и надвор од државата, а по него е распишана меѓународна потерница.

Кривичниот суд на предлог на Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против првоосомничениот Љупча Палевски – Палчо за кој се тврди дека е организатор и извршител на убиствата.

Наредена е истрага за сторени кривични дела киднапирање и убиство.

Се очекува и Министерството за внатрешни работи на Македонија да поднесе соодветна кривична пријава против осомничените, по што Јавното обвинителство ќе отвори истрага против сите инволвирани во кривичното дело.

Обдукцијата е завршена, телото на 14-годишната Вања е предадено на семејството