Редок момент на најнеочекуваното место: Спасувањето маче од поплавите во Дубаи ги разнежи луѓето на социјалните мрежи/ВИДЕО

225

Во неодамнешните, големи поплави кои ги погодија Арапскиот Полуостров и особено Дубаи, од предизвиканите штети не беа засегнати само луѓето, погодени беа и бројни животни. Видеото од владата во Дубаи на кое се гледа како полицаец спасува маче од поплавите, кое стана вирално на социјалните мрежи, ги разнежи корисниците низ светот.

Видеото на кое се гледа како полицаец го извлекува, зема и го носи на сигурно мачето, кое се држеше за рачката на вратата од автомобилот во водата, стана вирално и ги збесна корисниците на социјалните мрежи.

Пред неколку дена Дубаи го зафатија рекордни дождови и поплави кои го парализираа градот.

Обилните врнежи поттикнаа шпекулации за тоа дали е виновен контроверзниот метод на сеење облаци, кој некои земји кои се ограничени со вода го користат за да се обидат да „исцедат“ што е можно повеќе вода од облаците.

Повеќето експерти сметаат дека овој метод, дури и да бил применет, ќе имал мало влијание, па количината на врнежите ја препишуваат на временските услови, бидејќи се очекувале обилни врнежи врз основа на развојот на времето во областа во тие денови.