Шпанскиот гигант Реал (М) успеа во самиот финиш од летниот преоден рок да се ослободи од услугите на играчот од средниот ред Рајние Жесус, 21-годишник кој пред три години беше купен од Фламенго за 30 мил. евра.
„Кралскиот клуб“ подолг период се обидуваше да се ослободи од услугите на бразилскиот интернационалец но долго време немаше таков клуб кој беше заинтересиран за играчот иако според „Трансфермаркт“, фудбалерот сега вреди само два милиони евра.
Се очекуваше понуда од Бразил која ќе ги задоволи сите инволвирани страни, но таа не дојде и раководните лица мораа во самиот финиш од летниот преоден рок да одлучат што ќе прават со некогаш големиот талент.
Жесус не одигра ниту еден натпревар за шпанскиот гигант, а како позајмен го носеше дресот на Борусија Дортмунд и Жирона.
Проблемот, пишуваше „Ас“, лежел во тоа што играчот за врска одигра катастрофално лошо во изминатата сезона иако сите очекува да блесне во дресот на Жирона.
Сосема очекувано раководните лица на шпанскиот гигант сакаа по секога цена да го решат проблемот што го имаат со играчот кој е под договор до летото 2026 година.
И кога сите помислија дека Бразилецот ќе остане во Мадрид и ќе биде прекомандуван во вториот тим на „кралскиот клуб“, клупските челници потврдија дека играчот за врска ќе биде позајмен на новајлијата во италијанската Серија А, тимот на Фросиноне, кој ќе нема право да го откупи неговиот договор на крајот од актуелната сезона.