Раул Гонзалез: Не ги делам ракометарите на млади и стари

44

По победата против Јапонија во првото коло на СП, селекторот на мекедонската репрезентација Раул Гонзалез ги истакна добрите страни, но и потврди дека нивото на игра треба да се подобри.

  • Сакам да им честитам на моите ракометари за победата. Нашиот голман беше одличен на почетокот, стигнавме до пристојна залиха, но потоа се уморивме. Не беше лесно да се контролира, не одигравме најдобро, но среќни сме за победата и бодовите. Не ме прашувајте за младите или старите ракометари. За мене нема таква поделба, за мене Кире е млад. Ви реков, задоволен сум, но ова не беше идеален натпревар. Борко беше одличен, имавме позитивни моменти, но имаа и нашите противници. Примивме дури 29 гола, но би потпишал ваков старт и победа од девет разлика, истакна Гонзалез.