Расте бројот на жртвите во силниот земјотрес во Еквадор

412

Според последните информации, најмалку 12 лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди областа околу Гвајакил,  вториот по големина град на Еквадор.
Многу згради се урнати или оштетени, а жителите во паника излегоа на улиците. Во Ел Оро неколку луѓе останаа заробени под урнатините на двокатна зграда.

Земјотресот ја погоди крајбрежната област Гуајас, а епицентарот беше на околу 80 километри јужно од Гвајакил, град со повеќе од три милиони жители.