Еден Азар е еден од најуспешните фудбалери што ги имала Белгија, но 33-годишниот играч во октомври минатата година ги изненади сите со тоа што реши да ја заврши кариерата откако му истече договорот со Реал (М).
Честа на семејството Азар во светот на фудбалот кога е во прашање активното играње ја бранат Торган и Килијан, но работите не одат баш најдобро.
Сите слушнале за Торган бидејќи некогаш беше член на Челзи, а најдобрите натпревари ги имаше играјќи за Борусија Дортмунд и Менхенгладбах. Но, минатото лето и тој донесе изненадувачка одлука и се врати во Белгија.
Торган си замина од Дортмунд откако мина една сезона на позајмица во ПСВ и реши да потпише договор со Андерлехт до летото 2026 година, но сега и тој доживеа тажна судбина.
За време на бриселското дерби меѓу Андерлахт и Унион, играч од средниот ред го напушти теренот поради повреда, а веднаш веќе беше јасно дека работите не изгледаат добро и дека повредата е од посериозна природа.
Деталните прегледи покажаа дека ги скинал круцијалните лигаменти на десното колено за што ќе биде потребна операција.
Според белгиските медиуми, се очекува Азар да биде надвор од терените најмалку осум месеци, што значи дека играњето за него во 2024 година е завршено и дека на терените би можел да се врати дури следната година.
Исто така, веќе почнаа шпекулациите дека за 31-годишниот Торган ова може да значи крај на кариерата, бидејќи тоа е една од најтешките повреди што може да ги доживее еден фудбалер и дека опоравувањето од неа е исклучително долго и тешко.
Еден и Торган со години беа главни ѕвезди во Белгија и важен дел од репрезентацијата, но за само неколку месеци се тргна во погрешната насока.
Останува уште 28-годишниот Килијан, кој игра во белгиски Беверен како позајмен од РВД Моленбек. И тој некогаш беше член на младинскиот погон на Челзи, но не успеа да направи забележителна кариера.