Размислете викендов, па почнете понеделнички:Четиридневна палента диета

193
Палентата содржи многу малку калории (100 грама варено пченкарно брашно има само 70 калории), а тајната на оваа диета е во тоа што палентата е многу богата со влакна, кои впиваат вода, набабруваат и создаваат долготрајно чувство на ситост и спречуваат прејадување.

Обично се прави со жолто пченкарно брашно, но не можете да погрешите и со користење на бело пченкарно брашно. Една чаша жолто пченкарно брашно содржи околу 8,5 g влакна, што е дури 34% од препорачаната дневна доза за жени и 22% за мажи.

За да ги изгубите вишокот килограми, оптимално е да внесувате 1.500 калории дневно, а со диетата со палента нема да го надминете овој дозволен внес.

Диетата со палента трае четири дена, а можете да ја повторувате секоја недела така што ќе ја следите оваа диета четири дена и ќе јадете нормално во другите три дена.

Понеделник

Појадок: 100 гр палента, шолја јогурт со малку маснотии и една краставица

Ручек: 100 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат

Вечера: 100 гр палента, шолја кефир

Вторник

Појадок: 200 гр палента, шолја јогурт со малку маснотии и една краставица

Ручек: 200 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат

Вечера: 100 гр палента, шолја кефир

среда

Појадок: 200 гр палента, шолја јогурт со малку маснотии и една краставица

Ручек: 200 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат

Вечера: 200 гр палента, шолја кефир

Четврток

Појадок: 200 гр палента, шолја јогурт со малку маснотии и една краставица

Ручек: 300 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат

Вечера: 200 гр палента, шолја кефир.