Бранителот на титулата во македонското кошаркарско првенство, тимот на Работнички поведе со 2:1 во победи, во полуфиналната серија од плејофот во домашното првенство. Тимот од Градски парк во третиот натпревар славеше над Блокотехна со 91:73 (28:23, 23:18, 17:19, 23:13)
На најтрофејниот македонски тим му е потребна уште една победа за да се пласира во финалето каде веќе се пласираше вицешампионот МЗТ Скопје. „Металците“ со 3:0 во победи беа подобри од тимот на Гостивар во полуфиналето на плејофот.
фото: Петр Стојановски