ПУТИН МУ ПОСАКА СЕ НАЈДОБРО: Ердоган слави 70. роденден

49

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган и му го честитал 70-тиот роденден, соопшти кабинетот на Ердоган.

„Претседателот Ердоган телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Претседателот на Русија во текот на денот му го честиташе роденденот на претседателот Ердоган. Путин му се заблагодари на нашиот претседател за неговиот придонес во развојот на пријателските турско-руски односи“, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.

Путин планира да ја посети Турција, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков претходно изјави дека посетата би можела да се случи и пред претседателските избори во Русија на 17 март.

„Се подготвуваме за оваа посета, термините се уште не се одредени. Очекуваме тоа да се случи во догледна иднина. Не ја исклучуваме можноста пред руските претседателски избори“, изјави Песков.