Путин испрати порака до Америка: Не сакаме нуклеарно оружје во вселената

110
epa11168274 Russian President Vladimir Putin (R) listens to Russian Defence Minister Sergei Shoigu during a meeting at Kremlin, in Moscow, Russia, 20 February 2024. The losses of the Ukrainian armed forces during the counter-offensive in 2023 amounted to over 166 thousand military personnel, more than 800 tanks, and almost 2.4 thousand armored combat vehicles, said Russian Defense Minister Sergei Shoigu. Vladimir Putin called the capture of Avdeevka by Russian Forces a success. EPA-EFE/ALEXANDER KAZAKOV/SPUTNIK/KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва се противи на распоредување нуклеарно оружје во вселената, а неговиот министер за одбрана ги отфрли американските тврдења дека Русија планира да го стори тоа.

Неименуван извор изјави за Ројтерс минатата недела дека Вашингтон има нови информации за руските нуклеарни капацитети и дека Москва се обидува да развие оружје што може да се користи од вселената.

„Нашиот став е јасен и транспарентен: ние отсекогаш сме биле категорично против, и сè уште сме против, распоредувањето нуклеарно оружје во вселената“, рече Путин, обраќајќи му се на Сергеј Шојгу, неговиот министер за одбрана.

„Ние повикуваме не само на почитување на сите договори што постојат во оваа област, туку и постојано понудивме да ја зајакнеме оваа заедничка цел“, рече Путин, мислејќи на договорите за ограничување на нуклеарното оружје.

Путин нагласи дека вселенските активности на Русија не се разликуваат од другите земји, вклучително и САД. Американски извори минатата недела сугерираа дека Русија има нови способности во вселената, но не беа дадени дополнителни детали или објавени докази.

„Њујорк тајмс“ пишуваше дека Русија се обидува да развие антисателитско нуклеарно оружје.

Шојгу денеска изјави дека нема такви планови. „Прво, нема такви проекти – нуклеарно оружје во вселената. Второ, САД знаат дека тоа не постои“, му рекол тој на Путин.

Тој ја обвини Белата куќа дека се обидува да ги заплаши членовите на Конгресот да се согласат да испратат дополнителни средства во Украина, со крајна цел стратешки да ја порази Русија.