Путин го повреди прстот на џудо тренинг/Видео

72

Рускиот претседател Владимир Путин го повреди прстот на десната рака за време на тренинг со џудистите во Сочи, пренесуваат руските медиуми. Инцидентот се случил додека Путин имал спаринг со олимпискиот шампион Беслан Мудранов, пренесе „Спутник“.

Проблемот е решен со фластер, по што рускиот претседател продолжил да тренира. Претседателот не се жалел премногу, дури и нагласил дека спортот му го поправил расположението.

– Тоа е малку познат медицински факт – кога вежбате, ви се подигнува нивото на адреналин, ви се поправа расположението и поинаку гледате на светот – изјавил Путин.