ПСЖ го реши Загреб

53

Еден од главните фаворити за титулата во Лигата на шампионите сезонава, тимот на ПСЖ, оствари лесна домашна победа против хрватски ППД Загреб(33:28).

Избраниците на Раул Гонзалез ставија крај на позитивната серија од две победи во низа на загрепчани во елитното европско натпреварување. Високата предност од првото полувреме на ѕвездениот тим од Париз беше доволна за рутина во остатокот од натпреварот.

Уве Генсхајмер и Микел Хнсен беа  најрасположени на теренот. Германецот ја решеташе мрежата на противникот без промашување во првите 30 минути и беше прво име на натпреварот. Хрватскиот првак се откажа од бркање на некакво изненадување и до крајот одигра за да ублажи поразот.

Генсхајмер со девет и Хансен со седум погодоци беа најефикасни на натпреварот во домашната екипа.

Рутинска победа запиша и Барселона против аутсајдерот Кристијанштад (43-26), а Мотор Запорожје на Жарко Пешевски во завршницата попушти и загуби на гости кај ПИК Сегед (30-29).