Промоција на „Поткултура: Значењето на стилот“ на Дик Хебдиџ

95

Книгата „Поткултура: Значењето на стилот“ на Дик Хебдиџ вечерва ќе биде промовирана во Гем клубот во Старата скопска чаршија.

Промоцијата ќе биде проследена со дебата, а за книгата ќе зборуваат режисерот и професор Владимир Милчин и теоретичарот на културата и активист Славчо Димитров.

„Поткултура: Значењето на стилот“ на Дик Хeбдиџ може да се нарече класика, неизбежна и задолжителна референца во студиите на поткултурите и културните студии и критичката теорија воопшто.

Оваа книга нуди извонредна теориска и методолошка рамка за разбирање и анализа на различни поткултурни формации.