Промоција на книгата “Зраци“ на Михаил Ренџов во издание на „Метаноја“ ќе се одржи денеска во издание на „Метаноја“ во Скопје.
Настанот ќе го отвори директорката на „Метаноја“ Нада Милкова, а промотори се Владимир Мартиновски и Коста Милков. Петар Ренџов ќе го збогати настапот со музика.
-За збирката промоторот Владимир Мартиновски пишува „Најновиот поетски ракопис на Михаил Ренџов е вчудовидувачки екстракт од неговото раскошно поетско искуство. Светлината и топлината од неговата поезија овојпат ги добиваме преку извонредна серија лирски минијатури, елиптични поетски вињети, именувани „зраци“, посочуваат од издавачката куќа „Метаноја“.
Во поговорот Коста Милков истакнува „Михаил Ренџов со целиот свој живот, со целото свое творештво и со целото свое битие е автор свртен кон созерцателното и кон аскетското. Тој е поет подвижник, сесрдно нурнат во најголемите длабочини или вивнат во најголемите височини, без притоа да ја „напушти“ оската која е цврсто поставена врз Земјата“.