Извор близок до палестински Хамас изјави денеска за агенцијата Франс прес дека исламската организација „се согласи да го продолжи примирјето за четири дена“.
Продолжениот договор за размена на израелски заложници за палестински затвореници истекува утре наутро.
„Хамас е во состојба да ги ослободи израелските затвореници што ги држи со другите организации на отпорот и другите партии во тој период во рамките на сегашниот договор и под истите услови“, рече изворот цитиран од Франс прес.
Вкупниот број на заложници кои ги ослободи Хамас од минатиот петок е 81, додека Израел пушти на слобода 180 Палестинци од затворите.
Според условите во договорот, прекинот на огнот може да се продолжи за повеќе денови, до вкупно 10, а секој ден Хамас ослободува по најмалку 10 заложници, при што Израел би пуштал повеќе затвореници според договорот „три за еден“.
Продолженото примирје за размена на израелски заложници за палестински затвореници истекува утро изутрина.