Приведен 22-годишен скопјанец кој измамил девојка од Германија

53

Полицијата приведе момче од скопското село Трубарево зашто измамило девојка од Германија. Како што информира МВР, станува збор за Е.А. (22) против кого В.С.(25) поднела пријава.

Според пријавата, по претходна комуникација на социјална мрежа со Е.А., девојката дошла во Скопје, а тој ја однел во неговиот дом во село Трубарево, ѝ го одзел мобилниот телефон, физички ја нападнал и не ѝ дозволувал да си оди.

При претрес извршен од страна на полициски службеници од Одделението за насилен криминал при Единицата за насилен криминал од СВР Скопје, по добиена судска наредба, во домот на пријавениот биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

Е.А. бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.