Приватно ангажиран дефектолог осомничена за напад на дете, родителите ги забележале повредите

499

Откако забележале повреди кај нивната малолетна ќерка родители од Скопје ја пријавиле во полиција жената која работела со девојчето како дефектолог. Таа е осомничена дека го повредила и е повикана на разговор во полиција.

Според полицискиот билтен „Н.П.(44) од Скопје пријавил дека на 18.03.2023 околу 16.30 часот неговата сопруга му кажала дека нивната малолетна ќерка имала повреди во пределот околу ушите, кои ѝ биле нанесени од Е.С.(36) – дефектолог од Скопје, која приватно ја ангажирале да држи часови на нивната ќерка“.

Со дефектологот бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава, велат од полицијата.