На 03.10.2023 во 06.45 часот на подрачје на Ѓорче Петров, од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(31) од Скопје.
-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.