Првата дама на Украина сподели ВИДЕО: „Не треба да биде вака – никаде и никогаш“

601

Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленска, сподели видео на социјалните мрежи на кое се гледаат деца за кои вели дека бараат засолниште по експлозиите во Киев.

На снимката група деца чекорат по тротоар, но во еден момент мирната прошетка е прекината од силна експлозија и прошетката се претвора во избрзано движење со врисоци на преплашени деца.

„Децата се движат кон засолништето со звуци на експлозии за време на утринскиот напад врз Киев од страна на Русите“, се наведува во видеото.

Првата дама на Украина коментира дека снимката е направена по непроспиена ноќ во Киев.

Не треба да биде вака – никаде и никогаш. Стравот не може да се исклучи – но не запираме, туку дејствуваме. Украина продолжува да се бори“, напиша таа.

https://twitter.com/ZelenskaUA/status/1663171459739426816?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1663171459739426816%7Ctwgr%5E550cf717dd8df3c655d8004a6420e31c49ee11eb%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fn1info.ba%2Fsvijet%2Fprva-dama-ukrajine-podijelila-video-ne-bi-trebalo-biti-ovako-nigdje-i-nikad%2F